Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај
МЖ- Транспорт го оквалификува прекинот на работата како незаконски, се изјасни дека претпријатието нема финансиски можности да го исполни поставеното барање.

И денеска продолжува прекинот на железничкиот патнички и товарен сообраќај, откако од завчера машинскиот персонал ја бојкотира работата со неисполнување на работните обврски, барајќи зголемување на надоместот за квалитет на работа од 30 на 40 проценти.
МЖ- Транспорт го оквалификува прекинот на работата како незаконски, се изјасни дека претпријатието нема финансиски можности да го исполни поставеното барање. Од компанијата потенцираат дека редовно се исплаќа платата и оти таа во просек изнесува 47.665 денари, како и останатите надоместоци.
Апел да продолжат со работа до машиновозачите упати и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, укажувајќи дека со секој застој во претпријатието се создаваат нови долгови, што е проблем години наназад.
