Денови на македонска култура во Задар
06.02.2020 12:43
Оваа манифестација е во организација на Македонскато културно друштво „Билјана“ и претставничката на македонското национално малцинство во Задарската жупанија.

Во Задар, Хрватска, ќе се оддржат седумнаесеттите Денови на македонска култура, насловени „Во пресрет на Св.Трифун и Св.Валентин“.
Оваа манифестација е во организација на Македонскато културно друштво „Билјана“ и претставничката на македонското национално малцинство во Задарската жупанија. Ќе стане збор за обичаите и легендите поврзани со овие празници.
Предвидена е и пригодна програма на секции на Македонското културно друштво „Билјана“ од Задар.
Манифестацијата ќе се одржи на 12-ти февруари.
