Сирија: Воздухопловните сили одговорија на израелскиот напад
06.02.2020 11:31
Вооружената пресметка била водена во неколку етапи во појасот од Голанската Висорманнина до југот на Либан.
Сириските воздухопловни сили одговорија на израелскиот проектилен напад врз Дамаск и јужниот регион. Воените власти соопштија дека ги пресретнале повеќето ракети пред да ги погодат целите.
Вооружената пресметка била водена во неколку етапи во појасот од Голанската Висорманнина до југот на Либан.
Во последните неколку месеци, Израел изврши серија напади врз сириските воени објекти тврдејќи дека тие бази ги користел Иран за да пренесува проектили за неговите сојузници од Хезболах во Либан.
