Вељаноски покани набљудувачи на предвремените парламентарни избори

07.03.2014 11:21

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, , упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хју Бејли, за  да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонијаи да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите. 
 
Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права. 
 
Вељаноски, согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 27 април годинава, заедно со вториот круг од изборот на претседател на Република Македонија, доколку претседател не биде изберен во првиот круг на 13 април.
 
Лидија Чакар