Случај „Рекет“: Се презентираат снимките доставени од Камчев
Обвинтетите биле снимани со три камери, а во куќата на Камчев престојувале околу 35 минути, по што излегле со торби, влегле во портокалов џип на Милевски- Кичеец и заминале од домот на Камчеви, појасни обвинителката Ивана Трајчева.

На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Рекет“, обвинителството презентира приватна видео снимка од првообвинетиот Бојан Јовановски, направена на 20 февруари 2019-та.
Обвинтетите биле снимани со три камери, а во куќата на Камчев престојувале околу 35 минути, по што излегле со торби, влегле во портокалов џип на Милевски- Кичеец и заминале од домот на Камчеви, појасни обвинителката Ивана Трајчева.
Се очекува во продолжение на рочиштето да биде прикажана и целосната снимка, како Камчев ги брои парите и ги става во двете торби што ги носат Јовановски и Кичеец.
