Потпишан гранскиот колективен договор
Во Владата е потпишан гранскиот договор со Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ. Со овој колективен договор ќе бидат опфатени 19.600 вработени во државната администрација. Исто така, вработените ќе имаат право на дневници кога патуваат во земјава и во странство, а се зголемува и бројот на денови за одредени платени отсуства од работа...

„Чекор напред во заштита на правата на вработените“- Владата и УПОЗ потпишаа Колективен грански договор. Синдикалците сметаат дека на ова не треба да се гледа само како на право за регрес за годишен одмор, велат оти добиваат многу повеќе. Очекуваат да учествуваат во носењето на правилниците за внатрешна организација и систематизација на работните места, постапка од која досега не биле дел.
Со Колективниот договор после долго време се утврдуваат правата, обврските, но и одговорностите на вработените во државната управа, вели министерот Манчевски.
Манчевски тврди дека оние административци, кои досега земаа плата, а не одеа на работа, ќе немаат право на регрес за годишен одмор.
Александра Спировска
