Свет

Расте бројот на заразени од Коронавирус на крузерот во Јапонија, на кој има и македонски државјани

07.02.2020 10:08

3.700 патници, меѓу нив и тројца македонци, задржани во карантин на брод во пристаништето Јокохама поради Коронавирусот. Заразата се шири...

Уште десетици патници на бродот за крстосување во Јапонија се инфицирани со Коронавирусот, со што вкупниот број на заразени на бродот достигна 61 лице, додека 3.700 луѓе остануваат во карантин на бродот. Меѓу нив има и тројца македонски државјани. 273 лица покажале симптоми на болест, како кашлица и треска, или имале контакт со луѓе со симптоми.

Во Јапонија има најмалку 86 случаи на смртоносниот Коронавирус, кој првично се појави во кинескиот град Вухан. Болеста оттогаш се рашири во 25 други земји ширум светот.

Кинескиот лекар за чија смрт пристигнуваа контрадикторни извештаи, почина од последици од Коронавирусот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Трамп рекол дека земјата е целосно е способна да ја запре епидемијата на Коронавирусот.