Венецуела

САД: Гуаидо безбедно да се врати дома

07.02.2020 10:31

САД го предупредија венецуелскиот претседател Мадуро дека треба да му овозможи на опозиционерот лидер безбедно да се врати во земјата по неговата посета на Вашингтон.

Повторно избран за претседател на Националното собрание, Хуан Гуаидо ја игнорираше забраната за излез од земјата што му ја воведоа властите верни на претседателот Мадуро.

САД го предупредија венецуелскиот претседател Мадуро дека треба да му овозможи на опозиционерот лидер безбедно да се врати во земјата по неговата посета на Вашингтон.

Гуаидо во САД имаше средба Мајк Помпео, а присуствуваше и на говорот на претседателот Трамп за состојбата на нацијата пред американскиот Конгрес.

Во меѓувреме шпанскиот премиер Педро Санчез, за првпат по една година, се сретна со каталонскиот лидер Ким Тора за да ги договорат најавените преговори.