Ракомет
Што сега натаму...?!
07.03.2014 11:31
Како за промена лесно, не лесно, овојпат беше повеќе од лесно за ракометарите на Вардар во 16-тото СЕХА коло одиграно во Цетиње, против предпоследниот во поредокот Ловќен. Не памтат ниту црногорците кога последен пат така биле прегазени на свој терен (41:23).
Сега вака Вардарци си го подолеснуваат фајнел-фор патот, но не е сеуште и обезбеден. Трети се на табелата со бод преднос од Мешков.

Сега почнува веселата математика, овој да го победи оној, ние да не кикснеме, тие да потфрлат и така. На пример, Металург ни под разно несмее да изгуби в недела во арената Борис Трајковски против директниот конкурент на обата мак преставници за завршницата, Мешков. Доколку се победи против белорусите, надежта во Скопје и натаму ќе биде реална.
Но ниеден од трите тима нема лесен распоред до крајот. Белорусите по Скопје одат на незгодниот Нексе во Осиек, но затоа пак на гости ќе им дојде последниот Партизан. Кај момците од Автокоманда работите стојат вака, по Мешков дома, се оди на тешко гостување кај Татран. Единственото лесно на паркетот во Словачка, е што Татран се растеретени од притисок како сигурни учесници на завршницата во Нови Сад, но тие ќе сакаат пак прво табеларно место.
Како и да се сврти и гледа едно е јасно, право на грешка немаат ниту Металург, ниту Вардар, чии пак распоред нималку не е со лесна задача. Треба од кај Борац да донесат три бода, а ништо поедноставна за крај нема да им биде домашната задача против лидерот Загреб, кој исто така е опуште од фајнел фор притисокот. Учеството од 11 до 13 април во Нови Сад е загарантирано и на хрватите и на словаците.
Она што е дефинитивно покрај калкулациите, е дека јаснта слика кој во Нови Сад ја добива во интервал од 9 до 12-ти март.
ТАБЕЛА:
1. ЗАГРЕБ О. 37
2. ТАТРАН 36
3. ВАРДАР 31
4. МЕШКОВ 30
5. МЕТАЛУРГ 28