МПС: Пратениците да го изгласаат законот за Агенција за разузнување

07.02.2020 12:25

Според Синдикатот, со донесување на Предлог-законот за Агенцијата за разузнување се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ...

Македонскиот полициски синдикат (МПС) денеска преку соопштение ги охрабри пратениците да дадат поддршка и покажат зрелост за донесување на Предлог- законот за Агенција за разузнавање.

Преку свои делегирани преставници, како што се наведува во соопштението, МПС активно учествувал во изготвувањето на новиот Предлог- закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, услови за пензионирање, но и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА.

Според Синдикатот, со донесување на Предлог-законот за Агенцијата за разузнување се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ, и ќе се исправи долгогодишната неправда кон вработените во Агенцијата за разузнавање, кои конечно ќе можат да ги користат правата и обврските кои се предвидени во предметниот закон.