МВР распиша меѓународни потерници за Красниќи и Рамадани
По 9 години поминати зад решетки, во ноември 2017-та година, Агим Красниќи доби право за викенди да си оди дома. Досега секогаш се враќал во затворот, но овој пат не го сторил тоа...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници по Агим Красниќи и Сехат Рамадани, кои по викенд отсуството не се вратија во затворот во Штип. Се бараат за доиздржување казна затвор од 3 години и 3 месеци.
По 9 години поминати зад решетки, во ноември 2017-та година, Агим Красниќи доби право за викенди да си оди дома. Досега секогаш се враќал во затворот, но овој пат не го сторил тоа.
Тој со неговата седумчлена група беше уапсен во 2008-та година за нерегуларности и предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, за неовластено поседување оружје и злосторничко здружување. Кондовската група доби вкупно 50 години казна затвор.
