МААЕ: Нема нови прекршувања на нуклеарниот договор
07.02.2020 12:35
Според генералниот директор на Агенцијата, Иран продолжува со збогатувањето ураниум, додавајќи дека се подготвуваат за секоја можна околност.
Меѓународната агенција за атомска енергија не забележала никакви нови прекршувања на заедничкиот план за акција, откако Исламската република влезе во петата фаза од редуцирањето на своите нуклеарни обврски во рамките на договорот.
Според генералниот директор на Агенцијата, Иран продолжува со збогатувањето ураниум, додавајќи дека се подготвуваат за секоја можна околност.
Велика Британија, Франција и Германија во јануари го активираа механизмот за решавање на спорот, наведувајќи дека Техеран не ги почитува своите обврски врз основа на спогодбата.
