Жбогар: Законот за јавно обвинителство не е услов, но треба да се донесе

07.02.2020 12:46

Има работи што се уште треба да се направат за да се демонстрира посветеноста на европската иднина од страна на Македонија. Брисел бара реформи, фер и демократски избори и градење добрососедски односи...

Иако Законот за јавно обвинителство не е услов, треба да се донесе, со што ќе покажете промена на начинот на размислување, како потребен минимум за отворање на преговорите, изјави еврокомесарот Жбогар. Брисел бара реформи, фер и демократски избори и градење добрососедски односи.

„Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат“, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Комисијата ја заврши својата работа, подвлече Жбогар, нагласувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од наша страна за ова партнерство.

Има работи што се уште треба да се направат за да се демонстрира посветеноста на европската иднина од страна на Македонија. Да се продолжи со добрите реформи, да се спроведат фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи, изјави Жбогар.