Спасовски: Законот за јавно обвинителство може да се донесе до распуштањето на Собранието

07.02.2020 13:01

„Би било крајно неодговорно пред граѓаните од кого било да наоѓа изговори кои се поткрепа на лични, партиски и бизнис интереси визави интересите на граѓаните“, изјави Спасовски.

Премиерот Спасовски не губи надеж дека е можен договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство до распуштање на Собранието. Апелираше државните интереси да бидат во преден план.

„Би било крајно неодговорно пред граѓаните од кого било да наоѓа изговори кои се поткрепа на лични, партиски и бизнис интереси визави интересите на граѓаните“, изјави Спасовски.

Нагласи дека граѓаните ја платиле најголемата цена во битката за остварување на нашите национални интереси од осамостојувањето на државата до денеска зашто, како што посочи, постојано сме во некакви реформи и транзиции за да се оставарт членството во НАТО и ЕУ.

Спасовски без конкретен одговор кога законот ќе се најде на владина седница.

„Кога ќе проценам ќе свикам седница на Влада за да го поминеме законот и да го доставиме до Собранието. Тоа може да се случи во секој момент во денот и ноќта се до распуштањето на Собранието“, потенцира Спасовски.