Нов концепт, дали и поинтересен?
Продолженото време за третата квалификациска сесија и новиот дополнителен сет пневматици според Алонсо ќе ги направат квалификациите многу поинтересни...

Возачот на Ферари Фернандо Алонсо смета дека новите правила за претстојната сезона во Ф1 шампионатот комплетно ќе го сменат пристапот кон трките и квалификациите.
Продолженото време за третата квалификациска сесија и новиот дополнителен сет пневматици според Алонсо ќе ги направат квалификациите многу поинтересни бидејќи возачите нема да размислуваат за штедење на гумите и ќе притискаат до максимум за што подобра стартна позиција, за разлика од трките каде што особено во завршницата ќе мора да размислуваат на штедење на горивото и пневматиците.
„Треба да бидете многу паметни сето тоа да го ускладите и да го избалансирате за да го довезете болидот до целта“- вели Алонсо за официјалната веб-страница на Ферари.
