Новата методологија и очекувањата на ЕУ за реформи
Иако Законот за јавно обвинителство не е услов, треба да се донесе, со што ќе покажете промена на начинот на размислување, како потребен минимум за отворање на преговорите, изјави еврокомесарот Жбогар. Брисел бара реформи, фер и демократски избори и градење добрососедски односи. Новата методологија Жбогар ја оцени како брза трака за оние што сакаат да вложуваат...
Нема смисла Европската комисија редовно да изготвува годишни извештаи за напредокот на земјите кандидатки, а потоа државите членки да не се согласуваат со елементи од тие документи. Последица на ова, смета евроамбасадорот Жбогар, се одлагањата на старт на преговорите. Од друга страна ова е вели еден еден од мотивите за новата медотодологија за проширување, членките да се вклучат доволно рано во процесот- кога се подготвуваат извештаите, потоа доаѓаат експерти во мисија на проценка, нешто по примерот на извештаите на Прибе- во кои членуваат експерти од земјите членки. Крајот е- кредибилен документ. Но, процесот, според него, е двонасочен.
„Од страната на земјите- кандидатки значи дека кога велат дека прават реформи тоа треба да значи дека навистина ги реформираат општествата, а не само да усвојуваат закони. Од наша страна тоа значи чесност и искереност дека кога говориме за пристапување во ЕУ тоа и го мислиме. Дека патот води до ЕУ“, вели евроамбасадорот Жбогар.
Новата методологија треба да го забрза процесот, смета евроамбасадорот и очекува новата методологија да поттикне натпревар меѓу оние кои преговораат и да предизвика, како што го нарече, драматичен пробив. Смета дека земјава има капацитет за преговори, но е потребна политичка волја. Важни се изборите и донесувањето на клучните законите кои се во собраниска процедура.
„Секако дека Законот за јавно обвинителство не е ставен како услов, сепак е нешто што мора да биде направено. Од неколку причини, но најмногу за граѓаните, да имаат верба во правдата и дека нема неказнивост и дека има одговорност за сите кривични дела. Зашто е потребно за неколку земји членки како демонстрација на посветеноста кон владеењето на правото. И последно, затоа што сакаме да видиме демонстрација на промената на мислењето: од тоа што е минимум што треба да направиме да ги отвориме преговорите во тоа како максимално да ги искористиме преговорите за да ја смениме земјата така што младите луѓе ќе престанат да заминуваат од неа“, изјави Жбогар.
Очекувањата се дека европските членки ќе се изјаснат за новата методологија до средината на месецов и да биде усвоена до втората половина на март. Според неа преговорите со кандидатките се поделени во шест кластери. Главен е првиот со неколку теми врзани, меѓу другото, на судството и владеењето на правото. Додека не се затворат не може да се преговора по другите кластери. Документот предвидува и финансиска награда за успешните реформи. Тест проба ќе биде мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб кој треба да поттикне инвестиции како начин да се мотивираат и властите, но и луѓето да останат дома.
Душко Арсовски
