Нови детали за организираните борби на малолетници
07.02.2020 15:41
20 денари за гледање, 300 за снимање. Организираните борби на малолетници имале цена. Родителите информирани и револтирани. Институциите виделе од медиумите. Најавуваат дека ќе реагираат...
20 денари за да гледаш, 300 за да снимаш. Борбите на малолетниците на отворено биле организирани и со ценовник. По објавувањето на прилогот на МТВ и на платформата „Само прашај“, бура од реакции пристигнаа во нашата редакција. Меѓу нив и ново видео на кое се гледа борба на две малолетни момчиња со боксерски ракавици на истото место во Капиштец.
Родители чии деца знаеле за ова не исконтактираа со нови информации. Велат- фрапирани се од случувањата, но и од инертноста на институциите.
