Фудбал
И Мурињо на Светско!
07.03.2014 11:44
Тој ќе биде главниот глобален аналитичар за мундијалот, по потпишувањето договор со сајтот Јаху (YAHOO)...

Не е на чело на ниту една фудбалска селекција Мурињо, но тоа не го прави помалку вреден за време на Светското Првенство летово во Бразил.
Тој ќе биде главниот глобален аналитичар за мундијалот, по потпишувањето договор со сајтот Јаху (YAHOO). Покрај анализите на португалецот му следат и други задачи, како објавување фотографии и видео записи.
Задоволен е од ангажманот, додавајќи дека ова е престижна работа. Вели: ”сакам своето мислење да го делам со повеќе милиони луѓу, за што сум свесен дека со едни ќе се согласуваме, а со други ќе ни се разидуваат ставивите“.