Политика

Законот за јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

10.02.2020 10:15

Во предлогот се вградени решенија што обезбедуваат функционирање на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка, информираат од владината прес- служба.

Доцна синоќа Предлог- законот за јавно обвинителство доби зелено светло од Владата. Ќе биде доставен до Собранието со европско знаменце, по скратена постапка. Од власта велат дека се обезбедени потребните 80 гласа за негово донесување. Поддршка има и од осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Во предлогот се вградени решенија што обезбедуваат функционирање на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка, информираат од владината прес- служба.

Решението на предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на поранешното СЈО се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење, за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.

Јавниот обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе се избира од Советот на јавни обвинители.

Техничкиот министер за внатрешни, Наќе Чулев на Фејсбук напиша дека Предлог- законот на владината седница бил донесен на насилен начин и спротивно на Уставот.