Финансиска поддршка

Посебна програма за исплата на субвенциите за тутун

10.02.2020 10:33

Годинава за прв пат субвенциите за тутунот ќе се исплаќаат од посебна програма само за оваа култура. Државата за оваа намена обезбеди скоро 32,5 милиони евра. Крајниот рок за почеток на исплатата на финансиската поддршка е до март 2020 година, а висината субвенциите е во зависност од проценката класите по кои е откупен тутунот.

За тутунот државата годинава планира да исплати 2 милијарди денари или скоро 32,5 милиони евра субвенции и тоа за прв пат од посебна програма само за оваа култура.

Корисници се физички и правни лица кои своето производство на тутун го продале во регистрирано откупно претпријатие.

Висината на директните плаќања за произведен и продаден необработен тутун изнесува 80 денари по килограм за прва класа, 70 за втора и 60 денари по килограм за трета и четврта класа.

Реализацијата на оваа мерка ќе се врши според откупени количества на необработен тутун од реколта 2019 година, внесени во Електронскиот систем за евиденција на тутун од страна на регистрираните монополи.

Крајниот рок за почетокот на исплата на субвенциите  е март 2020 година.

Вкупното производство се проценува  на 26.000 тони, што е за 6 отсто повеќе од 2018 година. Се укинуваат и евидентните листови, односно договорите производителите  ќе ги склучуваат директно со монополите.