Политика

Мицкоски очекува во среда да биде распуштено Собранието

10.02.2020 10:23

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски очекува во среда да биде распуштено Собранието, како што вели, според договорот на состанокот кај претседателот Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува Предлог- законот за јавно обвинителство...

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува владиниот Предлог- закон за јавно обвинителство. Власта сака да ги амнестира фунцкионерите кои се богатеа на грбот на граѓаните, преку криминални тендери и грантови, велат од партијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски очекува во среда да биде распуштено Собранието, како што вели, според договорот на состанокот кај претседателот Пендаровски.

„Очекувам во среда да биде распуштено македонското Собрание, како што беше договорено на состанокот кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното“, изјави вчера во Кавадарци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.