Расте бројот на смртни случаи од Коронавирусот

10.02.2020 10:47

Тим меѓународни експерти, предводен од претставници на Светската здравствена организација отпатува за Пекинг за да помогне во истражувањата поврзани со епидемијата на Коронавирусот.

Во Кина расте бројот на смртни случаи од новиот Коронавирус. Досега починале над 900 луѓе, а заразени се над 40 илјади.

Тим меѓународни експерти, предводен од претставници на Светската здравствена организација отпатува за Пекинг за да помогне во истражувањата поврзани со епидемијата на Коронавирусот.

Во Хонг Конг, на патниците на крузерот „Светски сон“ им беше дозволено да го напуштат бродот, откако тестовите утврдиле дека кај ниеден од нив или членовите на екипажот не е потврдено присуство на вирусот.

Вториот крузер, со 3.700 патници, закотвен во Јокохама, сѐ уште е под карантин.