Прилеп

Подостапно до возачка дозвола за телесните инвалиди

10.02.2020 11:33

Телесно-инвалидизираните лица од Прилеп бараат да полагаат возачка во градот, со свое адаптирано возило. Во земјава има само едно и се полага во Скопје. За нив тоа значи големи трошоци и проблеми. Бараат државата да го реши проблемот. Сите досегашни обраќања биле залудни...

Еднаква можност за полагање возачки испит за сите телесно- инвалидизирани лица во земјава, бараат хенидекпираните лица од Прилеп. Велат, не се почитуват правата на инвалидите со една комисија и едно адаптирано возило во Скопје за сите.

Проблемот е дамнешен, но уште нерешен. Порано се полагало со свое возило, денес мора со едно адаптирано.

Има проблеми и со добивањето лекарско уверение, а во последно време односот на припадниците на полицијата, велат, е малициозен, и навредлив.

Во прилепскиот центар има седум здруженија на телесни инвалиди и две хуманитарни организации. Здружението „Мобилност Прилеп“ има околу 700 членови, а 30- ина имаат потреба од возачка.

Елизабета Митреска