Претседателот на словенечкиот Државен збор во посета на земјава
10.02.2020 11:47
Жидан денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а утре ќе се обрати пред пратениците и ќе присуствува на свечената седница...

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Дејан Жидан денеска и утре ќе биде во посета на Република Северна Македонија.
Жидан денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а утре ќе се обрати пред пратениците и ќе присуствува на свечената седница на која треба да биде усвоен предлог Законот за Ратификацијата на Северноатланскиот договор.
