Откажани летови, затворени училипшта поради бурата „Кира“
Метеоролошкта служба на Британија издаде над 250 преудпредувања за поплава, вклучувајќи ги и оние за туристите коишто често се обидуваат да направат фотографија на крајбрежјето на кое има високи бранови.
Бурата „Кира“ ја погоди територијата на Велика Британија и северна Европа. Поради силните ветришта и поројните дождови се откажани многу летови, а во прекин е и железничкиот сообраќај. Пристаништата се затворени, се одложуваат фудбалски натпревари и културни настани.
Метеоролошкта служба на Британија издаде над 250 преудпредувања за поплава, вклучувајќи ги и оние за туристите коишто често се обидуваат да направат фотографија на крајбрежјето на кое има високи бранови.
Силниот ветер оштети електрични кабли, а многу пруги се блокирани од паднати дрвја. Во северна Франција е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Во Луксембург и Келн е откажана наставата во училиштата.
Поради влошените временски услови, во Данска е забранет сообраќајот по поголемите мостови. Бурата се очекува и на југот на Норвешка и западна Шведска.
