САД

Фридман: Израел да не презема еднострана акција

10.02.2020 11:53

Според Фридман, примената на израелскиот закон на територијата која според планот треба да биде дел од Израел, зависи од завршувањето на процесот на изработка на мапата на заедничката израелско- палестинска комисија.

„Израел да не презема еднострана акција на анексија на еврејските населби на Западниот брег“, предупреди американскиот амбасадор во оваа земја Дејвид Фридман. Целта е да се избегне загрозување на мировниот план за Блискиот исток кој беше претставен од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Според Фридман, примената на израелскиот закон на територијата која според планот треба да биде дел од Израел, зависи од завршувањето на процесот на изработка на мапата на заедничката израелско- палестинска комисија.

Палестинците сакаат да формираат независна држава на Западниот брег, во Појасот Газа и источен Ерусалим, териториите што Израел ги освои во војната од 1967 година.

Планот на Трамп е отфрлен и од Африканската унија.