Димитров- Папандреу: Со Договорот од Преспа се потврдуваат заложбите за градење добрососедство

10.02.2020 13:03

Северна Македонија е вистински посветена на конструктивен дијалог со грчката влада во градењето на меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во кој граѓаните на двете држави би сакале да живеат, потенцирал Димитров.

Министерот за надворешни Димитров на средба со Јоргос Папандреу, поранешен грчки премиер и актуелен претседател на Социјалистичка Интернационала. Соговорниците го потенцирале историското значење на Договорот од Преспа со кој се потврдуваат заложбите за градење добрососедство, инклузивна соработка и конструктивни меѓусебни односи, соопштуваат од МНР.

Северна Македонија е вистински посветена на конструктивен дијалог со грчката влада во градењето на меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во кој граѓаните на двете држави би сакале да живеат, потенцирал Димитров.

Шефот на дипломатијата искажал благодарност за грчката поддршка на последниот Самит на ЕУ во Брисел и континуираните напори за отпочнување на пристапни преговори со Европската Унија.