Горивата поевтинуваат од полноќ
Цените на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот пониски за половина денар. Од полноќ ќе се продаваат за 65,50 односно 57,50 денари. Бензинот БС-98 поевтинува за денар и ќе се продава за 67,50 денари, додека ектарлесното масло за домаќинство добива цена пониска за 1,5 денар, односно ќе чини 46 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да поевтинат во просек за 2,41 насто.
Цените на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот пониски за половина денар. Од полноќ ќе се продаваат за 65,50 односно 57,50 денари. Бензинот БС-98 поевтинува за денар и ќе се продава за 67,50 денари, додека ектарлесното масло за домаќинство добива цена пониска за 1,5 денар, односно ќе чини 46 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 2,028 денари и ќе се продава за 32,894 денари за килограм.
Причина за намалувањето на цените на дериватите е падот на референтните цени на дериватите на светскиот пазар и понискиот курс на американскиот долар во однос на денарот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
