Соработка

Со европски фондови ќе се финансираат пет нови проекти во пограничните области меѓу Македонија и Албанија

10.02.2020 14:51

Пет нови проекти за зачување на животната средина, културното наследство и развој на туризмот во пограничните области на државава и Албанија ќе се финансираат со пари од Европските фондови. Девет се завршени или во фаза на реализација. Вредноста достигнува речиси 12 милиони евра. Надлежните од Европската комисија оценуваат- двете земји се добар пример за имплементација и искористување на овие грантови...

Пет нови проекти за животна средина, културно наследство и туризам почнуваат годинава во пограничните области меѓу државава и Албанија. Ќе се финансираат со дел од купчето пари тешко речиси 12 милиони евра од Европските фондови. Двете земји досега се најдобар пример за користење на овие грантови- оцени Бертолини од Европската комисија во Скопје. Вели генерално капацитет, вештини и знаења има, потребни се човечки ресурси и поголема соработка меѓу сите фактори. Најгорлив проблем останува квалитетот на проектите.

Девет проекти на кои е ставен параф се завршени или во фаза на реализација. Освен од ЕУ фондовите се кофинансираат и со пари од државниот буџет. Надлежните велат, импакт се подобра туристичка понуда, поголелма безбедност на туристите, нови производи, конкурентост, поддршка на локалното население.

Европката унија досега има финансирано повеќе од 120 милиони евра во период од седум години за подобрување на меѓуграничната соработка со земјите од регионот.

 

Сузана Фиданска- Стоевска