Наследничката на Меркел, Крамп-Каренбауер, поднесува оставка
Одлуката следува откако ЦДУ учествуваше во договор со кој либералот Томас Кемерих беше поставен за премиер на Тирингија, со поддршка од ултрадесничарите на Алтернатива за Германија (АфД)...

Анергрет Крамп-Каренбауер, наследничката на канцеларката Ангела Меркел поднесува оставка од челната позиција на Демохристијанската унија.
Одлуката следува откако ЦДУ учествуваше во договор со кој либералот Томас Кемерих беше поставен за премиер на Тирингија, со поддршка од ултрадесничарите на Алтернатива за Германија (АфД), што е првпат по Втората светска војна државен премиер да биде избран со помош на екстремната десница.
Кемерих во саботата поднесе неотповиклива оставка. Каренбауер летово ќе организира избор за лидер за да ја подготви партијата пред да замине од челната позиција.
