Евролига: Европскиот шампион поразен дома, Партизан фаќа приклучок
Кошаркарите на Партизан одиграа импресивен натпревар, во кој го совладаа Баерн Минхен со 70:55, во рамките на 9 коло од “Ф“ групата во Евролигата. “Црно белите“ во ниту еден момент не му дозволија на ривалот да се доближи, и со најдобрата партија во одбраната сезонава ја остварија втората победа во Топ 16 фазата, со која ги зголемуваат шансите за пласман меѓу четирите најдобри. Блескаше повратникот Саша Павловиќ со 21 поен и 5 скокови, кој се врати по цела деценија од НБА лигата, а идентичен ефект во нападот имаше и Кинси. Кај гостите најдобар поединец Босанецот Џедовиќ со 12 поени.

Кошаркарите на Партизан одиграа импресивен натпревар, во кој го совладаа Баерн Минхен со 70:55, во рамките на 9 коло од “Ф“ групата во Евролигата. “Црно белите“ во ниту еден момент не му дозволија на ривалот да се доближи, и со најдобрата партија во одбраната сезонава ја остварија втората победа во Топ 16 фазата, со која ги зголемуваат шансите за пласман меѓу четирите најдобри. Блескаше повратникот Саша Павловиќ со 21 поен и 5 скокови, кој се врати по цела деценија од НБА лигата, а идентичен ефект во нападот имаше и Кинси. Кај гостите најдобар поединец Босанецот Џедовиќ со 12 поени. Во дуелот на великаните од некогашниот Советски Сојуз, ЦСКА го совлада Жалгирис во Каунас со 88:86. Теодосиќ со 16 и Вимс со 15 поени беа најзабележителни кај гостите, а Дентмон беше најефикасен кај Жалгирис со 28 понеи. Московјаните се лидери со 8 победи и само еден пораз, а Литванците останаа на последната позиција со само една победа.
Во “Е“ групата идентичен пораз доживеа и Олимпијакос во Пиреја, против Емпорио Армани, и со петтиот пораз бранителот на титулата ги намали шансите за место меѓу осумте најдобри. Италијанците ја остварија 6 победа, во која Ленгфорд имаше одличен придонес со 20 поени, 8 скокови и 5 асистенции, а Перпероглу со 22 поена беше најефикасен кај Олимпијакос. Во меѓувреме, Барселона продолжува со доминантните игри сезонава, во која ја забележа деветтата победа во Топ 16, овојпат над Фенербахче Улкер со 93:73. Томиќ постигна 19 поени за каталонскиот клуб, а Бјелица кај гостите имаше 15 поени и 10 скокови, но недоволно да се избегне високиот пораз. Бо Мекелеб имаше ефект од 11 поени, и по 2 скоккови и асистенции. Турците го претрпеа петтиот пораз, и остануваат во групата од четири екипи со по 4 победи.
Вечерва ќе се комплетира 9 коло, со преостатаните 4 натпревари. Во “Е“ групата Панатинаикос го пречекува Лаборал Куча, а Уникаха Анадолу Ефес, додека во “Ф“ групата Локомотив му е домаќин на Макаби, а Галатасарај на Реал Мадрид.
