САД
Пентагон: Лага е дека се повлекуваме од Ирак
11.02.2020 11:05
Военото присуство ќе се ограничува на две од вкупно 15-те бази во близина на градот Ербил, во северниот дел, и на воздухопловната база Аин ал Асад.

Пентагон негира дека американските војници целосно заминуваат од Ирак. Военото присуство ќе се ограничува на две од вкупно 15-те бази во близина на градот Ербил, во северниот дел, и на воздухопловната база Аин ал Асад.
На 5 јануари, два дена по американскиот ракетен напад во близина на аеродромот во Багдад, во кој загина командантот на елитните единици на иранските вооружени сили Касем Солејмани, ирачкиот Парламент усвои резолуција со која побара целосно повлекување на сите странски војски од земјата.
САД се заканија со санкции.
