Турција пред можна забрана на Фејсбук и Јутјуб
07.03.2014 12:21
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган разгледува предлози за дополнително заострување на правилата за интернет во Турција и дури и можна забрана за користење Фејсбук и Јутјуб.
Во телевизиско обраќање Ердоган зборуваше за прашањето за прислушкување и за аудио-снимките за наводни телефонски разговори на официјални лица што се поставуваат на интернет.

По повод новиот закон за Интернет, што предизвика критики во државата и странство, Ердоган изјави дека Владата подготвува нови чекори во таа насока по локалните избори на 30 март. Премиерот рече дека постои одлучност за тоа прашање, и нагласи дека забрана за користење Фејсбук и Јутјуб исто така може да е меѓу новите мерки.