ООН

Обраќање на Абас против договорот на Трамп

11.02.2020 12:12

Палестинците го повлекоа барањето денеска да се гласа за резолуцијата со која се отфрла договорот на Вашингтон поради недоволна меѓународна поддршка и силниот притисок врз оние кои се на страната на Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас со обраќање во Советот за безбедност на Обединетите Нации, изразувајќи протести против мировниот план за Блискиот исток претставен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Палестинците го повлекоа барањето денеска да се гласа за резолуцијата со која се отфрла договорот на Вашингтон поради недоволна меѓународна поддршка и силниот притисок врз оние кои се на страната на Абас.

САД поднесоа серија амандмани на текстот за кој се преговара една седмица. Тие предлагаат бришење на цели пасуси, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на резолуциите на ООН од 1967 година.