Грција ќе гради затворени мигрантски кампови

11.02.2020 12:39

Одлуката почнува да се спроведува во март, а во наредните три месеци 20 илјади баратели на азил ќе бидат сместени на Лезбос, Самос, Киос, Кос и Лерос.

Грчкото министерство за миграција најавува изградба на затворени мигрантски кампови на неколку острови во Егејско Море за да се контролира полесно движењето на барателите на азил.

Одлуката почнува да се спроведува во март, а во наредните три месеци 20 илјади баратели на азил ќе бидат сместени на Лезбос, Самос, Киос, Кос и Лерос. По насилните инциденти, конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис одлучи да ја зголеми контролата и да им го ограничи слободното движење на островите.

Неговиот кабинет се обидува да ги врати во соседна Турција сите кои не ги исполнуваат условите за добивање на азил.

Според УНХЦР, во камповите на грчките острови кои имаат капацитет од 6.200 места се регистрирани над 40 илјади луѓе.