Филипче: Тројцата наши државјани не се меѓу заболените од коронавирусот на бродот во Јокохама

11.02.2020 14:24

Овие информации здравствените власти ги добиле од луѓето назначени за комуникации преку Меѓународниот здравствен правилник. Со нив на дневна основа комуницираат двајца вработени во Институтот за јавно здравје.

Тројцата македонски државјани не се меѓу заболените од Коронавирусот на бродот во Јокохама. Овие информации здравствените власти ги добиле од луѓето назначени за комуникации преку Меѓународниот здравствен правилник. Со нив на дневна основа комуницираат двајца вработени во Институтот за јавно здравје.

„Иако расте бројот на заболени од коронавирусот внатре во бродот, во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има најава од Кинеската амбасада кога треба да се вратат кинеските работници кои работат во земјава, посочи дека што се однесува до кинеските државјани немаат информација од Кинеската амбасада ниту пак најава.

„Тие ќе најават кога тие кинески државјани кои треба да се упатат во нашата земја ќе бидат ставени во карантин. Значи ќе имаме уште дополнителни две недели откако тие ќе бидат во карантин и практично и кинеските здравствени власти ќе бидат осигурани дека ќе бидат пратени здрави заради тоа што ќе помине периодот на инкубација и ние дополнително да се осигураме со нашите превентивни прегледи“, вели министерот Филипче.