Прехранбена индустрија

Потребни се мерки за поттикнување на извозот

11.02.2020 15:44

Поттикнување на извозот во прехранбената и конзервната индустрија бара Здружението на прехранбен сектор и земјоделство при Стопанската комора. Велат дека носењето на сет- мерки треба да биде директно насочено кон компаниите кои се водечки, и кои го прошируваат производството. Сметаат дека покрај финансиската поддршка, ресурсите и суровините не се доволно искористени...

Се извезува овошје и зеленчук, но нема стратегија за производство со додадена вредност. Здружението на прехранбен сектор и земјоделство бара подршка во прехранбената и конзервната индустрија. Посочуваат дека се потребни ефективни земјишни политики и преструктуирање на земјоделското производство. Според анализата направена од научен тим, бебешката и детска храна, органското производство и здрава храна се потенцијалите за македонскиот аграр и индустрија.

Лани околу 210 милиони евра биле остварени од извоз на примарно земјоделство, двојно повеќе од прехранбената индустрија. Земјоделството учествува со 9,2 % во домашната економија. Оваа индустриска гранка има 323 извозно ориентирани компании кои пласираат на странските пазари над 120 производи.

Анализата на Стопанската комора на Македонија за идентификација на развојните можности за извозна диверзификација покажала дека е потребно окрупнување или здружување на компаниите и заеднички настап на странските пазари.

 

Дијана Ценевска