„Тетекс“го затвори последниот погон, акционерите ќе одлучат за иднината на компанијата

11.02.2020 15:36

Конкуренцијата, намалената рентабилност во лон работењето поради ниските цени што ги нуделе странските партнери се причина за престанок на производството.

Производството на тешка конфекција во поранешениот текстилен гигант „Тетекс“ по речиси седум децении престана. Последниот погон се затвори, но компанијата ќе продолжи да работи со другите дејности од кои и во изминатиот период ги генерираше своите профити и приходи- велат од менаџментот.

Конкуренцијата, намалената рентабилност во лон работењето поради ниските цени што ги нуделе  странските партнери се причина за престанок на производството.

Шеесетина работници во магацинскиот и енергетскиот дел остануваат да работат. Од Синдикатот велат, од 150- те кои одат под Агенцијата за вработување, оние со 25 години стаж и се пред пензија ќе добијат отпремнина, односно надоместок.

За конечната судбина на „Тетекс“ ќе одлучат акционерите на акционерското собрание кое најверојатно ќе се одржи наредниот месец.