Јавни сервиси

Цветковски: Со актуелните законски решенија, МРТ се држи во заложништво

11.02.2020 16:35

Со актуелните законски решенија, МРТ се држи во заложништво, став на првиот човек на јавниот сервис. Власта оценува- има превработеност и големи долгови. Неопходно ви е стабилно финансирање и нови вработувања, одговорија од Европската радиодифузна унија...

На некои сектори во Македонската Радио телевизија им се заканува целосно изумирање поради актуелните политики на власта за невработување. Ова го рече генералниот директор на МРТ, Марјан Цветковски на дебатата за финансирање, управување и регулирање на јавниот сервис. За осум години, јавниот сервис останал со 187 вработени помалку, а ќе се намалуваат и во иднина доколку продолжи ваквата пракса, вели тој. Според Цветковски, од 2012-та година долговите на МРТ се намалени за 15 милиони евра. Во 2020 година, поради непочитување на законски утврдената рамка, МРТ ќе работи со 13 милиони евра помалку, вели генералниот директор.

Државата, пак, со поинаква оценка, во Јавниот сервис има многу вработени и е многу задолжена. Заменик министерот за информатичко општество, Бајдевски, вели дека имале модел за поинакво финансирање на МРТ.

Еснафските здруженија во земјава со став- Владата не треба да има мислење за работата на Јавниот сервис и да пишува извештаи за тоа бидејќи на тој начин прави притисок. Побараа да се почитува законот и да не се крати од буџетот за јавниот сервис.

Независно, доволно и одржливо финансирање на Македонската Радио телевизија како национален медиум е неопходно за исполнување на неговата надлежност, велат претставниците на Европската радиодифузна мрежа. Идеален модел за финансирање нема, но укинувањето на Радио дифузната такса беше грешка, оценуваат тие.

Европската унија одвои средства за МРТ и за Агенцијата за медиуми со кои преку проектот за зајакнување на јавните сервиси на Западен Балкан, ќе помогне во поквалитетна програма која ќе влијае врз довербата на граѓаните.

Проектите финансирани од овој проект, треба да започнат до крајот на годината.

 

Катерина Топалова