Собрание

Продолжува дебатата за Законот за јавно обвинителство

12.02.2020 10:14

Министерката за правда Дескоска убедува- ќе се создадт основи за градење силно, професионално и ефикасно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Целта беше да се зголемат професионалните стандарди во Јавното обвинителство, но и да се овозможат средства за тоа да си ги врши своите надлежности, рече таа.

Продолжува комисиската дебата за Законот за јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители. Владејачкото мнозинство со поддршка, опозицијата бара да биде тргнат од дневен ред.

Министерката за правда Дескоска убедува- ќе се создадт основи за градење силно, професионално и ефикасно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Целта беше да се зголемат професионалните стандарди во Јавното обвинителство, но и да се овозможат средства за тоа да си ги врши своите надлежности, рече таа.

Во овој закон се создадени услови кои се на некој начин гаранции на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели министерката, кое треба да ги гони евентуалните кривични дела на носители на висока власт, но и да ги продолжи делата, предметите кои  беа почнати од СЈО.

Дескоска рече дека една од тие гаранции е неможност јавниот обвинител, кој е државен обвинител, да одзема предмети од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, освен во случаи кога има прекршување на законот од ова Јавно обвинителство. Значи, како што рече, не по сопствена проценка и не по сопствена волја, туку да има сигурна правна основа за какви било дејствија за преземање надлежности.

Дескоска информира дека континуитетот на предметите е задржан така што има јасна одредба дека сите постапки ќе продолжат. Што се однесува до спецификите на користење докази во постапката,  рече дека оваа одредба во член 110 треба да обезбеди континуитет.

Пред усвојување на дневниот ред на седницата пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ процедурално  побара да се повлече законот за ЈО, бидејќи, како што рече, нема одлука од Влада за новиот коригиран текст на законот, но неговото барање не беше прифатено.

Поранешниот премиер и актуелен претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави, пак, дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија вршат притисок врз други пратеници да не се гласа за законот за јавно обвинителство. Тој додаде дека притисокот што се врши врз пратениците е десетпати поголем од оној што се вршел за време на уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ возврати дека неуставниот закон за јавно обвинителство му е важен на Заев заради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали.