Папуљас од Германија бара разговори за воената отштета од Втората светскa војна

07.03.2014 12:46

Грчкиот претседател Каролос Папуљас во разговорите со  германскиот колега Јоахим Гаук во Атина, повикал на што поскоро почнување на дијалогот со Берлин во врска со долго отфрлуваните барања на Атина за воена отштета.

Папуљас порачал дека Грција никогаш не се откажала од барања кои се однесуваат на отштетата за бруталната германска окупација за време на Втората светска војна, во периодот од 1941 до 1944 година.

 Германскиот претседател Гаук пак, се повикал на долгогодишниот аргумент на Берлин дека ова прашање е решено. Тој во земјата пристигна завчера на тродневна посета за разговори со грчките политичари, но и во обид да ги залечи раните од Втората светска војна, во момент кога во Грција се повеќе и повеќе расте антигерманското расположение, пред се поради мерките за штедење кои Берлин и ги наметна на Атина.

 Паралелно со посетата на Гаук, во центарот на Атина биле организирани и протести поради мерките на штедење, а демонстратите се обиделе да го пробијат и полицискиот кордон кој го обезбедувал министерството за финансии. Како што пренесува AP, овие демонстрации не биле поврзани со посетата на германскиот претседател.