ЕВРОПА

По „Кира“ доаѓа бурата „Денис“

12.02.2020 10:57

Гермнаскиот енергетски сектор профитира од силниот ветер...

Метеоролошките служби предупредуваат дека по бурата „Кира, на Западна Европа и се заканува ново невреме наречено „Денис“ кое ќе дојде од Атлантскиот Океан. Прва на удар в сабота би била Шкотска, а во наредните неколку часови ќе се прошири и низ повеќе други делови.

„Кира“ усмрти неколкумина во Европа и предизвика материјална штета на сообраќајната инфраструктура, станбените и деловните објекти и на електричната мрежа во западниот дел.

Но, Германија успеа и да профитира од брзината на ветерот кој ги забрзал ветерниците така што произвеле струја во количество еднакво на она што се создава во 44 нуклеарни електрани.