ВЕНЕЦУЕЛА
Протести на аеродромскиот пречек на Гуаидо
12.02.2020 12:21
Мадуро остсанува на власт поради поддршката од војската...
Судири на аеродромот во Каракас на пречекот на опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо кој ја заврши тринеделната меѓународна турнеја.
Неговите симпатизери и поддржувачите на актелниот претседател Николас Мадуро предизвикаа нереди во кои според Националниот синдикат на новинари настрадале двајца репотери.
Кабинетот на Гуаидо тврди дека силите на Мадуро поставиле бариери меѓу Каракас и аеродромот за да ги спречат оние кои сакале да го пречекаат опозицинерот.
И покрај силната меѓународна поддршка, Гуаидо не успеа да го симне од власт Мадуро поради големата лојалност на моќната војска.
