Компании од Канада заинтересирани за инвестиции во Македонија
Министерот Наумоф за време на неговата посета на Торонто, Канада, беше главен говорник на Форумот „Инвестициски можности за бизнис во Југоисточна Европа“...
Канадски компании од секторите за автомобилска индустрија, енергетика и минерални ресурси, изразија интерес да ја посетат Македонија, соопштуваат од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф.
Министерот Наумоф за време на неговата посета на Торонто, Канада, беше главен говорник на Форумот „Инвестициски можности за бизнис во Југоисточна Европа“, организиран од Советот на НАТО на Канада, а пред 60-тина претставници на тамошната бизнис заедница, ја представи бизнис климата во Македонија и предностите за инвестирање и проширување на нивните активности во нашата земја.
„Највисоките менаџери на компании кои присуствуваа на форумот во голема мера беа заинтересирани за достапноста на квалификувана работна сила, како и поволната бизнис клима во комбинација со предностите на даночниот систем. Представниците на компании кои присуствуваа на Форумот, од секторите за автомобилска индустрија, енергетика и минерални ресурси, изразија интерес да ја посетат Македонија“, сои во соопштението.
Исто така, министерот Наумоф се сретна и со сенаторот Хју Сегал (Претседавач на Советот на НАТО на Канада) и Џули Линдхул (Претседател на Советот на НАТО на Канада ) и ги договорија првичнте аранжмани за посета на бизнис делегации од Канада и Македонија.
Во текот на посетата на Торонто, министерот оствари успешни средби со неколку компании од различни сектори за производство, како и со претставници на компании од градежната, прехрамбената и филмската индустрија кои веќе имаат интерес за инвестирање во Македонија. Во организација на Џон Битов , еден од најуспешните македонски бизнисмени во Канада и светот, на работен ручек со реномирани бизнисмени, министерот Наумофф детално информираше за можностите за инвестирање во Македонија. По таа средба, угледните бизнисмени, воспоставија контакти со менаџерите на компании, потенцијални инвеститори во македоското стопанство.
Министерот Наумоф на средбата со г. Реза Мориди, министер за истражување и иновации,на најголемата индустриска канадска провинција Онтарио, договори поеста на делегација на угледни бизнисмени од тоа подрачје.
