МАНУ

Регулаторните тела клучни за пазарната економија

12.02.2020 14:40

Трансформација и нова регулација на регулаторните тела е потребно во земјава. На дебатата во МАНУ, научната фела посочува дека за функционална пазарна економија потребни се регулирани бизниси и задоволни потрошувачи. Според истражувањата, реулаторните тела трошат многу финансиски средства, планираат, а многу малку реализираат што директно влијае на економијата...

Лошото менаџирање на регулаторните институции, доведува до загуби во економијата и до 20 проценти од бруто домашниот производ, велат од МАНУ. На дебатата научната фела со став дека се потребни трансформација и нова регулација на регулаторните тела во земјава. Оттаму велат, иако независни по дефиниција поради влијанието на политиката, најчесто се поставува нестручен кадар. Сметаат дека Владата треба да има целосен увид и контрола во регулацијата која се спроведува.

Според истражувањата, реулаторните тела трошат многу финансиски средства, планираат, а малку реализираат, што директно влијае на економијата.Честопати лошата регулација доведува и до зголемување на цените во секторот што директно се одразува на потрошувачите.

Од МАНУ посочуваат дека се потребни научни конференции за отворање на прашањето каква регулација е потребна, дали постои потреба од намалување на бројот на регулаторните институции за креирање на подобра бизнис- клима.

 

Дијана Ценевска