Чулев: Се спроведувале незаконски тендери
Министерот за внатрешни работи Чулев, го обвини претходното раководство на министерството за недостигот на лични карти и посоши. Вели- незаконски бил спроведен тендер за набавка. Премиерот Спасовски со став- во МВР се работеше според законите, за сѐ постојат документи, органите нека истражат...
Министерот за внатрешни Чулев до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе докази за злоупотреби на службената должност од вработени во МВР со јавната набавка на обрасци за лични документи.
Тој го обвини претходното раководство на министерството за недостигот на лични карти и патни исправи, бидејќи како што рече, Спасовски незаконски спроведувал тендери за набавка.
Парите биле префрлани на компанијата Веридос, рече Чулев. Анализите во Министерството покажале дека обрасците, наместо со нов договор се обезбедувале по пат на анекси со стариот договор со наведената компанија, со што договорот од 7,2, рече министерот, со анексите се зголемил на 12,8 милиони евра.
Премиерот на преодната влада, Оливер Спасовски со реакција. Немало проблем со обрасците за лични карти и пасоши, додека тој бил министер за внатрешни. Му порача на Чулев да седне и да го решава проблемот, бидејќи сѐ што е направено е во легална и законска процедура, а органите слободно нека истражат.
Марина Стојанова- Тонева
