Политика

Спасовски бара разрешување на Мизрахи, Мицкоски воздржување од политички маневри

12.02.2020 16:43

До Собранието стигна предлогот на премиерот со кој бара народните избраници да ја разрешат техничката министерка за труд и социјална политика Мизрахи. За непочитување на Уставот и на законот, нема компромиси– вели Спасовски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара воздржување од политички маневри...

Предлогот за разрешување на Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, поднесен од премиерот Спасовски пристигна во Собранието. Спасовски е категоричен- за сѐ може да имаме компромис, но не за непочитување на Уставот и законите. Одговорноста треба да ја имаме пред граѓаните, и државата.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира до Спасовски да се воздржи од, како што вели, политички маневри, кога околу него има дузина луѓе за кои постои сомнеж за сторен криминал. Потегот на Спасовски, коментира Мицкоски, ниту е принципиелен ниту е во согласност со Законот за влада.

Собранието  барањето за разрешување на Мизрахи треба да го разгледа на првата наредна седница. Прв вакво барање до премиерот упати министерот за надворешни Димитров, кој изјави дека добил дипломатска нота од Грција поради тоа што Мизрахи прес- конференциите ги држела со старата табла на која пишува Република Македонија.

Министерката пак со став дека таблата ја затекнала во министерството кога ја презела функцијата.

 

Миле Ристески