Француската амбасадорка Лоранс Оер во посета на општина Кисела Вода

07.03.2014 12:52

Амбасадорката на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер, денес, ја посети општина Кисела Вода и одржа работна средба со градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ.  На средбата  беа презентирани потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.

 Амбасадорката Оер  се интересираше за приоритетните активности и проекти кои ги презема општина Кисела Вода за подобрување на животот на граѓаните и ја потенцираше подготвеноста за соработка со општина како што е Кисела Вода, во која живеат околу 60000 жители. Порача дека француската амбасада во Скопје е силен поддржувач на локалната самоуправа во Република Македонија .

Средбата со градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ помина во одлична атмосфера, со заеднички заклучок дека со овој чекор се продлабочува можноста за остварување  на билатералната соработка преку реализирање на заеднички проекти.