АХВ го зголеми буџетот за ветеринарните друштва

13.02.2020 10:59

Програмата за здравствена заштита на животните годинава со повеќе пари и со нови мерки за заштитa на добиточниот фонд во државава. Зголемен е и буџетот за овластените ветеринарни друштва за 50 милиони денари кои треба да ја спроведат програмата на агенцијата за храна и ветеринаство...

Агенцијата за храна и ветеринарство годинава го зголеми буџетот наменет за ветеринарните друштва кои ќе ги спроведуваат програмите за здравствена заштита на животните.

За разлика од 2017 година кога за оваа намена од буџетот беа издвоени 103 милини денари, годинава се планирани 154 милиони денари.

Воведени се и новини кои ги следат современите текови во ветеринарната медицина.

До Европската унија е доставена регионализацијата на државава која предвидува постоење на осум посебни региони со кои треба да се олесни справувањето со болестите кај животните.

Агенцијата за Храна и Ветеринарство ќе го засили и мониторингот на преносителите на зарази за кои државава ја прекина вакцинацијата, со цел прогласување на земјава  за слободна од болестите како што е јазлестата кожа и беснилото.

Мониторингот ќе биде засилен и за болеста западно нилска треска.

Методија Трајков