Евроинтеграции

Османи и Димитров во Париз, во фокус европската перспектива и новата методологија

13.02.2020 09:45

Посетата на Париз на Османи и Димитров е во период на засилена дипломатска и државна активност во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање одлука за почеток на пристапните преговори...

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи и министерот за надворешни работи Димитров се во работна посета на Француската Република. Предвидени се средби со Амели Де Моншален, државен секретар во Министерството за европа и надворешни работи и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите, европските перспективи на државава, во пресрет на одлучувањето во Советот на Европската унија и документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Планирана е средба на Османи и Димитров и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел Де Сарнез.